Elewana Serengeti Pioneer Camp
Elewana Serengeti Pioneer Camp 5*
Сафари отсекогаш носело дух на истражување – и за првите истражувачи и за современите патници со авантуристички поглед. Serengeti Pioneer Camp by Elewana, сместен во јужниот дел на централниот Серенгети, спојува висок комфор со атмосферата од времето кога овој дел од Африка се истражувал чекор по чекор. Шаторите имаат сопствени бањи со топла проточна вода и умивалници, queen size кревети и пристап до базен. Ентериерот потсетува на времето на истражувачите што го минувале Серенгети во 1930-тите.
„Pioneer“ значи и патоказец. Во Serengeti Pioneer Camp лесно е да се замисли дека не сте тргнале само на сафари со возило, туку дека ги отвoрате првите патеки низ место каде човечка стапка претходно не оставила трага. По „трнливиот пат“ на истражувачот, ручекот Ве чека назад во кампот или среде африканската савана. Вечерата во кампот, под јасно ѕвездено небо, е тивок начин да се заокружи денот.
Сместувањето во Serengeti Pioneer Camp by Elewana е посебен начин да се види најдоброто од Серенгети: големата миграција и Big Five во Африка, со луксузно кампување и широки погледи кон саваната.
Аеродром: Леталиште Серонера, 1 час
Локација: Национален парк Серенгети, Танзанија
Подрачје со див свет: Да
Најдобро време за посета: Јануари до април
Активности во Elewana Serengeti Pioneer Camp
Сафари со балон на топол воздух
Лебдете над бескрајните тревни пространства додека сонцето изгрева над Серенгети.
Појадок на изгрејсонце на карпите
Појадок на карпестите испакнатини на Серенгети, со широк поглед кон рамнините.
Пешачко сафари
Поглед одблизу кон африканската грмушеста савана и нејзините жители.
Фотографии од Elewana Serengeti Pioneer Camp
Содржини
Содржини
- Ресторан и бар
- Шатор за оброци
- Услуга за будење
- Пијалак за добредојде при пристигнување
- Бесплатен Wi-Fi во јавните простори
- Трансфер од/до леталиштето Серонера
- Постелнина
- Тоалетни принадлежности
- Чување багаж
- Перење облека
- Секојдневно одржување на собата
- Хемиско чистење
- Сопствена бања
- Приватен туш
- Хидромасажни туш-глави
Elewana Serengeti Pioneer Camp на мапата
Serengeti Pioneer Camp by Elewana се наоѓа во областа Мору, во јужниот дел на рамнините на централен Серенгети. Карпестите формации Мору имаат историско значење: тука се среќаваат древни масајски цртежи и карпи што звучат како гонг. Од ова место гостите гледаат драматична сцена од големата миграција, кога гнуата и зебрите минуваат низ областа од јуни до август. За 30 минути возење се стигнува до езерото Магади, каде се набљудуваат розови јата птици и разновидниот птичји свет на Серенгети.
Од издвоениот Serengeti Pioneer Camp и неговата природна околина започнува сафари во централен Серенгети, со можност за набљудување на Big Five на африканската савана: лав, леопард, бивол, слон и носорог. Областа Мору е дом на единствената популација на црн носорог во Серенгети. Само најсреќните имаат можност да ги видат носорозите, чиј број значително се намалил во последните години. Со малку среќа, и Вие може да бидете меѓу нив.
